Како е настаната легендарната игра „Не лути се човече“?
Сигурно постојат мал број луѓе кои во детството не ја играле играта „Не лути се човече“. И покрај многубројните игри и модерни технологии, оваа стара игра стана уште позабавна во времето на изолацијата.
Доколку досега не сте знаеле се игра од 1907 година, кога ја смислил германецот Јозев Фридрих Шмит. Овој претприемач поради желбата да пронајде забава за своите синови, по примерот на старата индијска игра, во својата кујна ја смислил играта со коцка, пиунчиња изрезбани од дрво и парче картон исцртан со куќички и полиња.
Децата одлично се забавувале, но не и Шмит, кој пробувал да заработи на оваа игра.
Интересот за истата се јавил кога започнала војната и тоа кога Шмит испратил во воените болници донација од 3.000 комплети. Оваа игра на повредените им станала омилено трошење на времето, а кога се вратиле дома, со себе ја донеле и играта „Не лути се човече“.
Играта набрзо станата главна забава, но и најпопуларна игра во Германија. Освен добрата реклама, предноста на неговата игра на плоча била и цената. Сетот чинел помалку од половина килограм шеќер, па не е ни чудо што и покрај немаштијата и кризата, две години по завршувањето на војната, била неизоставен инвентар во повеќе од милион домови во Германија.
На овој начин играта брзо се појавила и низ цела Европа. Нашите родители растеле со оваа игра, исто како ние сега и навистина истата се смета за една од најпогодните за сите возрасти - од 5 до 105 години!