Како изгледа денес најубавото девојче на светот: Ја споредуваат со Ирина Шајк, додека многумина мислат дека ќе го надмине нејзиниот успех (ФОТО)

Како изгледа денес најубавото девојче на светот: Ја споредуваат со Ирина Шајк, додека многумина мислат дека ќе го надмине нејзиниот успех (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Девојчето доби неверојатно внимание и популарност, благодарение на својата вродена убавина и шарм...

Анастасија Књазева важи за едно од најубавите девојчиња на светот. Девојчето својата кариера како супер модел, ја започна на неполни 3 години. Врвот на популарноста го доживеа во моментот кога имаше 5 години, добивајќи ја титулата најубаво девојче на светот.

Девојчето со продорни сини, крупни очи, никого не остава рамнодушен, додека нејзината харизма е само уште едно нешто што ја прави уште поубава.


Со својот изглед неодоливо потсетува на кукла, и не е ни чудно што во 2017 година беше прогласена за најубаво девојче на светот.

Поради својата природност и спонтаност, фотографиите обожваат да соработуваат со неа, а многумина ѝ прогнозираат блескава кариера, споредувајќи ја со Ирина Шајк.

По многубројните понуди и ангажмани кои ги добива, девојчето склопи договори со многу брендови, како што се „Kia Motors“, „Chobi Kids“, „Kengur“, а исто така имаше и улога на водителка во телевизиски емисии и учествуваше во снимање на филмови.


Девојчето очигледно не е ни свесно за својата моќ и популарност која ја има, па затоа и не се грижи многу за неа. Се однесува природно и приземно, како другите деца со кои израснала.

Многу другари од училиште се воодушевени со нејзината појава и постојано сакаат да се фотографираат со неа, но тоа не ја променило, бидејќи е многу скромна, според зборовите на нејзините родители. Анастасија се труди да ужива во детството и да го прави сето она што сака да го прави едно дете.

Покрај вродената убавина и харизма кои ги поседува, Анастасија има и неверојатен талент за пеење. Во училиште исто така има неверојатен успех, а во слободно време се занимава со танц.

Нејзиниот Инстаграм профил има повеќе од 1 милион следбеници. Многумина се прашуваат дали девојчето ќе изгради кариера како Ирина Шајк, како што ѝ предвидуваат експертите од модниот свет.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: