Како изгледале Војаж и Хени на почетокот на кариерата: Објавија стара заедничка фотографија
Едниот е прилично променет, а другиот воопшто...
Сакаме кога познатите пејачи или актери ќе објават фотографии од почетокот на својата кариера. Кога почнале да се занимаваат со шоу-бизнисот изгледале сосема поинаку. Со текот на времето сите го променуваат имиџот, а еве колку се промениле овие двајца изведувачи.
Секако дека нашите омилени пејачи, актери и сите останати личности од светот на познатите со текот на времето се менуваат. На почетокот на кариерата уште го немале изградено својот имиџ и низ годините кога се пронашле, го промениле и изгледот. Колку и да е важен талентот, за сцена е важен и изгледот. Од почетокот на кариерата, па до денес се промениле и Војаж и Хени.
Освен што се дружат професионално, тие двајца се дружат и приватно. Првпат соработуваа во сега веќе далечната 2019 година. Следбениците побараа Хени да објави некоја стара фотографија од него и Војаж, а тој не ги разочара. Пронајде една од почетокот на кариерата, кога почнаа да објавуваат песни и видеа, кои денес имаат милионски прегледи. Се претпоставува дека фотографијата е направена во 2019 година, кога ја имаат првата соработка.
Изгледале слатко! Хени се нема променото многу. Се гледа дека е малку постар и дека има погуста брада, но всушност е многу сличен од пред четири години.
Војаж е малку поинаква приказна. На старата фотографија изгледа младо, а обожавателите се посебно воодушевени од долгата коса и фризурата која во тоа време ја имал. Денес сме навикнати да го гледаме без коса и ова дефинитивно е изглед за кој некои не ни знаеле дека некогаш го носел.
Хени не напиша колку години поминале од фотографијата до денес, но за толку млади личности и неколку години прават голема разлика.
фото: Принтскрин / Инстаграм