Како Кејт Мидлтон ги воспитува децата: 6 трикови со чија помош војвотката излегува на крај со наследниците
Идната кралица судејќи по сѐ е строга, но праведна мајка...
Секој кој мисли дека кралскиот живот нема никаква врска со нашите „обични“ животни, уште не е запознаен со ликот и делото на Кејт Мидлтон. Војвотката од Кембриџ (39) често во јавноста се појавува со своите деца, а многумина ја фалат поради начинот на кој ги воспитува наследниците.
Ребека Шикот која докторирала детски развој на Универзитетот Кембриџ вели дека Кејт е чувствителна и грижлива мајка која го поттикнува авторитативниот стил на родителството кој моментално е многу популарен.
# Ги прекорува во јавност доколку е потребно
На венчавката на Пипа Мидлтон во 2017 година, принцот Џорџ во текот на прославата почнал да се однесува немирно и бесно. За да го смири, Кејт благо го допре по главата. Дури го подигна и прстот за да го замолчи кога започна церемонијата.
„На секој родител му е тешко да биде строг во јавноста. Изгледа дека Кејт знае да воспостави благ и строг однос“ - напиша Ребека.
# Се спушта на висина на нивните очи
Обожавателите на кралското семејство сигурно се сеќаваат на фотографијата на која Кејт и принцот Вилијам клечат додека разговараат со децата.
„Таа се спушта на нивната висина за да разговара со нив, но и понатаму им дозволува да бидат деца“ - вели Ребека.
Со овој гест Кејт покажува дека не очекува од децата да се однесуваат позрело за својата возраст, па затоа таа се спушта на висината на нивните очи, за да им биде што поблиску.
# Им дозволува понекогаш да бидат непослушни
Војвотката ја пофалија поради нејзините слатки реакција кога принцезата Шарлот го покажа јазикот на добротворната забава во 2019 година. Кејт тогаш ја замоли Шарлот да ѝ мавне на публиката, но принцезата имаше друга идеја.
Кога принцезата Шарлот го исплази јазикот, Кејт прсна да се смее, а многумина го пофалија овој нејзин потег.
„Ова е нормална реакција на дете. Секоја чест што Кејт нормално реагираше“ - гласеше еден коментар.
# Со прст покажува дека мисли сериозно
Кога мисли сериозно, Кејт тоа јасно и го покажува. Кога децата се вознемирени, таа често им се заканува со прст.
„Тој потег покажува цврстина и топлина“ - смета Ребека.
Ова беше случај кога принцезата Шарлот побегна од родителите за време на еден настан, а војвотката се спушти на висина на нејзините очи и ѝ се закани со прст.
# Ги поттикнува децата да поминуваат време во природа
Кејт еднаш призна дека и самата како дете поминувала многу време надвор и дека тоа е нешто што ѝ е важно и кога е растењето на нејзините деца во прашање.
„Мислам дека тоа е одлично за физичкото и менталното здравје и поставувањето на темелите во животот“ - кажа Кејт во една прилика.
# Користи книги за родителство
Многу родители ги казнуваат своите деца кога се немирни, но идната кралица има поинаков принцип.
Наместо да ги прекори и испрати во соба, Кејт им предлага да седнат и да прочитаат некоја поучна приказна. Иако има дадилка, таа е вклучена во животот на своите деца и често чита за новите родителски техники.
фото: Tanjug/AP