Како Кети Пери за малку ќе ја изгубеше титулата поп ѕвезда?

Како Кети Пери за малку ќе ја изгубеше титулата поп ѕвезда?

Објавена во: Stars // Музика

Некогашната поп принцеза Кети Пери го прослави својот 37 роденден. Таа е една од најпродаваните изведувачи на денешницата, со продадени 100 милиони синглови. Некои од нејзините најпознати песни се „Dark Horse“, „Roar“, „Firework“, „Teenage Dream“, „Chained To The Rhythm“ и многу други.

Иако на почетокот на десетите години од овој век достигна вртоглава планетарна популарност, таа кон средината на 2016 година речиси целосно избледе и од тогаш никако не успева да се најде на врвот на топ листите.

Нејзината кариера започна во 2001 година, кога го објави својот албум првенец, „Katy Hudson“, насловен по нејзиното вистинско име. На овој албум доминираше христијанска музика. Албумот официјално беше неуспешен, со тоа што беше продаден во неколку стотина примероци.

По неуспехот со првиот албум, Кети се насочи кон поинаков вид на музика. Првобитно го смени своето уметничко име и од тогаш стана позната по својoт псевдоним Кети Пери.

Првата песна со поп призвук, „Ur So Gay“, ја објави во 2008 година. Потоа следуваше објавувањето на нејзиниот втор албум „One Of The Boys“ за Капитал рекордс. Првиот сингл од тој албум, „I Kissed a Girl“, постигна голем меѓународен успех и на Кети ѝ донесе голема популарност, со тоа што се најде на првото место на 19 топ листи ширум светот.

Освен во Америка, Кети стана глобална ѕвезда која со текот на времето стануваше сè поприсутна во медиумите. Нејзините синглови како што се продаваа во Америка, така се продаваа и во остатокот од светот. Поради тоа е една од најпродаваните пејачки на денешницата.

По нејзиниот четврти студиски албум „Prism“, започна нејзиниот пат. Албумите „Witness“ и „Smile“ не успеаја да ги одржат претходните комерцијални успеси на нејзините албуми. Кети неодамна во разговор за американските медиуми изјави дека поради тоа била многу депресивна, но дека моментално ужива во љубовта и семејниот живот кој го има со актерот Орландо Блум.

„Мислам дека повеќе не морам на никој да му се докажувам, кога станува збор за мојата музика“ - изјави Кети неодамна.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: