Како Лане Гутовиќ со едно прашање ја испровоцира Јелена Карлеуша: Ги кинеше листовите со прашањата и ги фрлаше низ студиото
Сè уште се памети гостувањето на Јелена Карлеуша во емисијата „Орално доба“ кај Милан Гутовиќ, каде ги кинеше прашањата, ги фрлаше листовите низ студиото, само одбирајќи на кои ќе одговори, а на кои не.
Сè започна во стилот на Лане - духовито, помалку провокативно. По признанието дека како мала си играла со пиштолот, лисиците и пендрекот на татко ѝ, Лане ја праша:
„Дали може да се случи на женското дете во тој период да му се формира тенденција кон форми како пендрекот и уверување дека само на тоа можете да се потпрете во животот?“
„Сè што има облик на пендрек во животот може навистина да ти помогне“ - му одговори таа.
Тогаш истакна дека е жена без пороци, освен што „купува многу облека“.
„Кога ќе се потрошат сите лимити на картичките тогаш почнувам да размислувам за пари. Но, брзо се снаоѓам“ - кажа Карлеуша.
А, потоа Гутовиќ ја притисна на чувствителното место:
„Како го запозна твоето момче Чанда, кој имаше проблеми со законот?“
Во тој момент Карлеуша ги зема листовите со прашањата од Гутовиќ и кажа:
„Овој лист ќе го елиминираме. Само да Ви ги прегледам прашањата. Глупаво е да зборуваме за моите поранешни. Тоа е како сега Душко да зборува за некои свои поранешни девојки, сигурно би му ја откинала главата. Затоа, немојте да ми правите порблем.“
Видно изнервирана, Јелена продолжи да ги фрла листовите со прашањата по студиото и одговараше само на оние кои сакаше, а Лане во таа прилика остана професионалец и го продолжи интервјуто.