Како мал го напуштил, а сега во еден месец сподели две фотографии: Џастин Бибер емотивно за својот татко

Како мал го напуштил, а сега во еден месец сподели две фотографии: Џастин Бибер емотивно за својот татко

Објавена во: Совети // Семејство

Фото насловна: Инстаграм/Џастин Бибер

Канадскиот пејач Џастин Бибер не зборува често за својот татко во јавноста, па затоа многу обожаватели беа изненадени од фотографијата што тој неодамна ја објави на својот Инстаграм профил со него.

Веќе е добро познато дека доминантна фигура за време на растењето на Џатин била токму неговата мајка, така што малку се знае за неговиот татко.

Бибер објави фотографија од семејниот албум и му го честиташе Денот на таткото на својот татко.

„Колку многу си личите“, воодушевено коментираа неговите фанови, додека повеќето од нив немаа многу убави зборови за Џереми.



Мајката и таткото на Џастин никогаш не биле во брак, тие се разделиле неколку месеци по раѓањето на пејачот. Тогаш Џереми започнал врска со Ерин Вагнер, со која ги доби 13-годишната Џасмин и 12-годишниот Џексон.

Токму затоа што ги остави Џастин и неговата мајка, некои од обожавателите на Бибер не беа воодушевени и под објавата напишаа „дека таткото не заслужува толку многу љубов од синот што го напуштил“.

Инаку, во еден месец Бибер објави две фотографии од татко си. Една за Денот на таткото, друга за неговиот роденден.


Фото: Инстаграм/Џастин Бибер


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: