Како мала била буцка, а денес е бомба која е во љубов со најпосакуваниот актер: Го препознавате ли девојчето на фотографијата?
Повеќе од 10 години е во хармонична врска со својот колега...
Иако од моментот кога стана мајка ја запостави кариерата, а љубовниот и семејниот живот ги држи далеку од очите на јавноста.
Сега своите следбеници ги зирадува со фотографија од детството, на која стомачето ѝ е во прв план.
„Таа ме донесе тука. Многу сум ѝ благодарна“ - напиша Ева Мендес и додаде дека на фотографијата најверојатно пиела газиран пијалок, кој денес родителите најверојатно не би му го дале на мало дете и истакна дека тоа сепак било поинакво време.
„Типично кубанско дете, во тоа време се подразбираше дека здравото дете е буцкасто“ - гласеше еден од коментарите, а другите додадоа дека тоа било време и кога се пиело бело кафе од шише.
За потсетување, Рајан Гослинг и Ева Мендес се заедно веќе 10 години, меѓутоа, иако постоеше мислење дека за нивната врска се знае сѐ, вистина е дека својата врска од самиот почеток ја чуваат од очите на јавноста.
Во врската добија две ќерки - Есмералда и Аманда Ли.
фото: Принтскрин / Инстаграм