Како мала сакав да гледам хорор филмови: Денес водителката Милена ужива во друг жанр!
Една од најпознатите ТВ водителки во нашата држава, Милена Антовска, се наврати на своите денови од детството.
Вели дека мајчинството ја има променето и дека сега е малку посмирена од тинејџерските денови.
„Во принцип не сум многу променета од тогаш. Се’ уште сум ведра, насмеана, комуникативна, дружељубива. Сега сум малку посталожена, што е нормално заради мајчинството, но како и да е детето во мене живее.“ - раскажува Милена.
Најголемите совети во тинејџерските денови ги добивала од нејзините родители, а кога се филмовите во прашање работите се малку променети.
„Може не делувам така, но како мала сакав да гледам хорор филмови и воопшто не се плашев. Сега уживам кога гледам добар трилер.“ - вели познатата водителката.