Како момците би се справиле со менструалните грчеви? Девојки им ставија симулатор кој го рекреира интензитетот на болката и резултатот мора да го видите (ВИДЕО)

Како момците би се справиле со менструалните грчеви? Девојки им ставија симулатор кој го рекреира интензитетот на болката и резултатот мора да го видите (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Ова е најдобар показател за тоа што трпат девојките секој месец.

Ајде да се обложиме дека повеќето момци мислат дека девојките претеруваат кога велат дека имаат грчеви во текот на менструацијата и дека е многу болно. Мора да мислат дека измислуваме и правиме драма. Секој човек што мисли така треба да биде приклучен на овој уред за да се увери како е навистина.

Момците немаат поим колку менструални грчеви можат да бидат болни. Некои девојки имаат среќа и речиси воопшто ги немаат или имаат многу слаби симптоми. Има и такви кои мораат да пијат апчиња секој месец за болки како што се грчеви. За да им покажат на момците како е, овие девојки на своите „посилни“ половини им подарија симулатор за грчеви.
Мала направа која се закачува за абдоменот на човекот и рекреира како е да имате менструални грчеви и колку тие всушност се силни. Тие ги убедија момчињата да учествуваат, а видеото се покажа како смешно и едукативно. Излегува дека момците немаат поим колку менструалните грчеви навистина болат.

Секој маж кој мисли дека менструацијата не е ништо, треба да го проба ова 10 минути - и ќе се предомисли. Барем така им се случи на овие момци. Кога го вклучија апаратот на најсилно и го ставија и на девојката и на момчето, таа само седеше мирно и рече дека нејзините грчеви понекогаш знаат да бидат посилни од тоа, а тој видно умира од болка.

Сите момци го испробаа уредот, и никој од нив не изгледаше како да му е удобно или дека болката не е проблем. Тоа е само доказ колку малку момците навистина знаат за менструацијата и низ што поминуваме ние девојките секој месец.

ВИДЕО:

@benztraphouse The boys tried a period simulator #fyp #foryou #foryoupage #funny #periodcramps #periodsimulator #viral original sound - Benz Trap House

извор:teen385


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: