Како може да влијае на вас изгледот на вашиот партнер?
Дали неверојатно згодното момче може да ја расипе сликата за себе си на девојката? Изгледа дека може.
Па, нема ништо подобро од пронаоѓање на партнер чие присуство топи санти лед, големи како онаа во која удри Титаник... Тоа ќе ви помогне да ја подигнете самодовербата, зарем не?
Погрешно. Врските во кои еден од партнерите се смета за поубав и попривлечен од другиот, обично имаат сосема спротивен ефект.
Според најновите истражувања, девојките кои имаат неверојатно привлечни партнери подлежат на големи промени, како што е исхраната, стилот на облекување и слично. Нивната цел е да изгледаат повитки, па со самото тоа често доаѓаат до пореметување на исхраната.
Во ова истражување учествувале 113 парови на возраст од 20 години. Спроведено е гласење за убавината на жените и мажите кои се во врска. Откако завршило гласањето, на секој посебно му се поставувале неколку прашања за нивната мотивација да започнат со диета и вежбање.
Резултатите од истражувањето покажале дека, кога станува збор за хетеросексуални врски, жените кои се сметаат за помалку привлечни од своите партнери во поголемиот број случаи почнуваат со ригорозни диети и со вежбање.
А, што се однесува до мажите, поретки се појавите дека тие во оваа ситуација ќе постапат на ист начин.