Како наследниците на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги поддржаа здравствените работници?
Како и во многу држави кои се погодени од коронавирусот, така и луѓето од Обединетото Кралство одлучија да одадат почит на оние кои за време на пандемијата се во првите борбени редови, па во точно предвидено време ракоплескаа и со овој мал гест им дадоа дополнителна сила на здравствените работници.
Од ова не е исклучок ниту кралството семејство. На официјалниот профил на војводата и војвотката од Кембриџ, објавено е видео на кое сите три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ракоплескаат, а ова видео воодушеви многу симпатизери на ова семејство.