Како настанал хитот „Бато“ на Калиопи: Крие болка и тага

Како настанал хитот „Бато“ на Калиопи: Крие болка и тага

Објавена во: Stars // Музика

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. 

 Безвременска балада која наводно е вистинска приказна. Според кажувањата во Кичево, родното место на Калиопи, во песната е опеана забранета љубов. Девојката била многу млада и родителите ѝ забраниле да се гледа со момчето. Минувало време, но болката не стивнувала. Единствен човек кој ја поддржувал во тие мигови бил нејзиниот брат, почитуван човек во градот. 

- Има многу пресврти во мојот живот и многу работи кои довеле до тоа. Еден од главните пресврти е песната „Бато“ која мене ми се случи на 18 години. Низ таа песна јас пораснав, направи земјотрес во мојот живот. Тој жиг го носам до денес – изјави Калиопи во едно интервју.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: