Како настанала чоколадата и како да ја направите дома?
Ретки се луѓето кои не уживаат во слаткиот вкус на божествениот производ на какао, без разлика дали е во течен или цврст облик.
Но, знаете ли од каде доаѓаа овој омилен вкус?
Верувале или не, помеѓу првите кои почнале да го користат се Маите. Вкусниот напиток наречен чоколада, кој го добиле со готвење и мелење на какаото, мешајќи го во вода со соја, ванија и чили, не служел само за заблажување, туку го користителе и за подарок, но и како валута. Користејќи ги сувите семиња што растат на какао дрвото наречено „Theobroma cacao“ („храна на боговите“), тие создале храна со божествен вкус.
Дури во 1528 година луѓето од Европа можеле да уживаат во својата чоколада, кога Дон Кортес донел како и опрема за правење чоколади во Шпанија. Рецептот, кој поради недоволни залихи на какао останал во тајност со векови, го прилагодувале на својот вкус, па наместо чили и пиперки ставале шеќер и цимет.
Рецептот кој Дон Кортес го донел во Европа во 1528 година:
700 грама какао;
750 грама шеќер;
56 грама цимет;
14 зрна мексиканси бибер;
14 грама каранфилче;
3 стапчиња од ванила;
1 прстофат чили;
1 лешник;
морско оревче, сива чили пиперка и сок од цвет од портокал.