Како не знаете да составите трамболина, а играте на Вимблдон: Стефан до солзи го насмеа Новак Ѓоковиќ (ВИДЕО)
Синот на Новак зачудено го гледаше татко му...
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денес против Сунву Квон од Јужна Кореја ја почнува одбраната на титулата на Вимблдон, а пред почетокот на турнирот добро се забавуваше во семејниот двор во друштво на семејството и пријателите.
Имено, најдобриот српски тенисер со Горан Иванишевиќ и кондициониот тренер Марко Паникиј се обидуваше да состави трамболина, а во тој момент, им се обрати неговиот син.
„Како не знаете да составите трамболина, а играте на Вимблдон?“ - ги праша Стефан и измами насмевки на лицето на својот татко.
фото: Принтскрин / Инстаграм