Како од филмот „Сам дома“: Родители намерно сам го оставиле пет недели 11-годишниот син

Како од филмот „Сам дома“: Родители намерно сам го оставиле пет недели 11-годишниот син

Објавена во: Живот // Живот

Кога конечно се вратиле дома, биле уапсени под обвинение дека го занемариле детето...

Во Аризона во реалноста се случила верзијата на филмот „Сам дома“, но во значително полоши околности. Имено, 11-годишно момче било намерно оставено сама и тоа на многу подолг период.

Според соопштението од канцеларијата на шерифот во округот Кочиж, родителите на момчето, 34-годишната мајка и 40-годишниот татко го оставиле синот сам и заминале на скоро пет недели.

Замениците во канцеларијата на шерифот се замолени да извршат проверка во семејната куќа. Како што е наведено во соопштението за јавноста, случајот го пријавил познаник на семејството кој останал анонимен, а кој ги предупредил на можноста малолетно дете да е оставено само дома на неопределен временски период.

По проверката, замениците воспоставиле контакт со 11-годишното момче кое живеело во куќата. Според извештајот на полциијата, момчето открило дека неговата мајка ја напуштила куќата непосредно пред Денот на благодарноста, уште на крајот на ноември, а дека и таткото заминал по тој празник.

Детето било само сѐ додека не бил воспоставен контактот со замениците на шерифот. Момчето назначило дека целото време му била достапна смрзната храна и дека не одело на училиште најмалку две недели, соопштиле од полицијата.

Обидот на локалните власти да ги контактираат родителите на момчето и другите членови на семејството биле безуспешни, како што кажаа замениците на шерифот. 

Поради тоа момчето било предадено на службата за заштита на деца. Властите не откриле каде биле родителите на детето додека биле отсутни, ни зошто го напуштиле домот без детето.

Кога родителите на момчето конечно се вратиле дома на 29 декември, биле уапсени и обвинети за занемарување на детето. Иако законот на Аризона не одредува старосна граница во која детето може да биде оставено само, Одделението за сигурност на деца на Аризона ги истражува извештаите за занемарување, вклучувајќи го пропустот на родителите да обезбедат надзор, со што детето всушност било доведено во неразумен ризик од повреда и други непријатности.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: