Како полицијата влезе на настапот на Слоба: Пееше во преполна кафеана, па го приведоа
Пејачот Слободан Радановиќ беше приведен вчера вечерта, откако комуналната полиција, прекина уште една корона забава во таверната на Стариот саем во Белград, каде пееше тој.
Според „Блиц“, Слоба завршил во полициската станица на разговор. Повеќе од 400 лица на мал простор не ги почитуваа епидемиолошките мерки и со тоа го загрозија здравјето на сите граѓани.
Во продолжение погледнете како изгледаше влетувањето на полицијата во локалот.