Како пожарите да не се доволни: Во Турција утрово беа забележени два земјотреси над 4 степени

Како пожарите да не се доволни: Во Турција утрово беа забележени два земјотреси над 4 степени

Објавена во: Живот // Живот

Два одделни земјотреси го погодија југозападниот брег на Турција рано утрово, потврдија официјалните лица.

Агенцијата за управување со катастрофи и управување со вонредни состојби (АФАД) објави дека првиот земјотрес со јачина од 4,3 степени е регистриран во близина на крајбрежниот град Датча, во провинцијата Мугла, во 2 часот по полноќ по локално време на длабочина од 24,21 километар.

Вториот земјотрес, кој беше со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во Егејското Море во 02:56 часот по локално време на длабочина од 3,19 километри, а епицентарот бил на околу 45 километри од Датча, пренесе АФАД, пренесува Анадолија.

Како што се наведува, засега нема извештаи за жртви и материјална штета во овие земјотреси.

фото: Pixabay

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: