Како те доживува: 7 знаци дека те гледа како другарка, 7 дека те сака за девојка

Како те доживува: 7 знаци дека те гледа како другарка, 7 дека те сака за девојка

Дали сте само другари или љубов е на повидок?

Дали постои машко во вашиот живот за кој не сте баш сигурни што чувствува за вас?

Можеби е ваш другар, можеби некој што го познавате цел живот, но понекогаш ви се чини дека тој е повеќе од тоа. Тој е некој со кого сакате да поминувате време и за кој мислите дека може да биде добар - за момче. Но, како тој ве доживува? Одговорот на ова прашање не е лесен за добивање, освен ако не го поставите директно. И, ако не сакате да го ризикувате и загрозувате пријателството поради претпоставката, можеби следните знаци можат да ви помогнат.

ТЕ ГЛЕДА КАКО ДРУГАРКА:

  • Ти си личноста на која ѝ ја раскажува приказната за девојката што ја запознал претходната вечер и која планира да ја покани на состанок.
  • Тој споделува со тебе детали поврзани со неговитељубовни авантури
  • Тој те прашува за совет што да ѝ купи на девојка што сака да ја придобие
  • Зборувате за теми како фудбал, видео игри, итн.
  • Никогаш не ти дава комплименти
  • Не ја забележува твојата нова фризура
  • Не ти кажува дека си му недостасувала ако не сте се виделе или чуле неколку дена

ТЕ ГЛЕДА КАКО ДЕВОЈКА СО КОЈА БИ БИЛ ВО ВРСКА:

  • Никогаш не коментира други девојки пред тебе
  • Никогаш не те прашува за совет за неговите љубовни проблеми
  • Тој не ги сака твоите поранешни или потенцијални момци
  • Се труди да поминувате време заедно
  • Тој ти дава комплименти
  • Тој се обидува да те направи среќна и да се смееш кога си тажна
  • Ти испраќа пораки за добро утро и добра ноќ


извор:zenskimagazin.rs

Можеби ќе ве интересира: