Како успеа брендот на Ријана да ја трансформира целата индустрија? Клучната причина зошто ги престигна другите
Во претходните децении, индустријата за убавина „сериозно“
се обидуваше да заработи огромна сума пари преку промовирање на актуелните
трендови и стандарди, но сега е време да се преиспитаат тие норми ...
Егзотичната пејачка од Барбадос, Ријана, веќе долго време е „во сенка“ кога се во прашање музичките ангажмани, но интензивно е посветена на својот козметички бизнис, „Фенти бјути (Fenty Beauty)“.
Големите брендови за шминка го поминаа минатиот век дизајнирајќи го она што тие го сметаат за стандард на убавина. Но, сега новите генерации бараат промени, особено во ерата на социјалните мрежи, а познатите личности не се двоумат да влезат во тој свет. Неодамна, Џенифер Анистон го лансираше нејзиниот бренд за нега на коса, под името LolaVie.
Во изминатите децении, индустријата за убавина „сериозно“ се обиде да заработи огромни суми со промовирање на актуелните трендови и стандарди, а брендовите за шминка потрошија милијарди и милијарди долари за да му го покажат на општеството она што го сметаат за идеално.
Меѓутоа, според Блумберг, многу од овие стандарди не опфаќале доволно (или воопшто не ги опфаќале) луѓето со потемна кожа, како што се Афроамериканците, чиј глас се повеќе се слуша во САД и низ целиот свет. Тие главно не беа во ТВ-реклами, на билборди или списанија, освен неколку модели како познатата Наоми Кембел.
Од друга страна, самата шминка најмногу била прилагодена на белата раса, односно на жени со посветол тен. Ова конкретно се виде преку ограничената понуда на пудри за лице. Но, сега, според Блумберг, козметиката на Ријана Fenty Beauty се‘ повеќе ја „тресе“ индустријата, пред се‘, нудејќи безброј нијанси на пудра за лице.
Оваа компанија сигурно не е единствената што ги поместува границите, а американската агенција поставува и реторичко прашање: Дали пенетрацијата кај таквите брендови, односно зголемената побарувачка на младите луѓе за нив - може да ја „натера“ индустријата да стане поинклузивна и промовирање на т.н позитивна слика за телото (body positivity)?
Понатаму е забележано дека „Фенти Бјути“ во моментов вреди дури 4 милијарди долари и дефинитивно ја менува индустријата за убавина. Што точно се промени?
Во последниве години (децении), индустријата го промовираше идеалот за убавина, на пример, преку совршена, чиста кожа, и рекламите се базираа на тоа. Но, според маркетиншките волшебници, помладите генерации ги отфрлаат тие идеали: сакаат реални фотографии, без Фотошоп. Исто така, тие не сакаат „креми кои ветуваат чуда“.
Fenty Beauty на некој начин ги „негира“ сите напори на мултинационалните брендови, од претходните години, да ја слави убавината - но на поинаков начин. Оние кои не се прилагодуваат на новиот, поинклузивен тренд во иднина, ќе останат на цедило.
Фото: Инстаграм/Ријана/Фенти Бјути