Како во филм: Љубовната приказна на Џастин и Хајли Бибер е неверојатна

Како во филм: Љубовната приказна на Џастин и Хајли Бибер е неверојатна

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Канадскиот пејач Џастин Бибер и неговата сопруга, манекенката Хајли Бибер се едни од најпопуларните парови во светот. Тие се во официјален брак нешто повеќе од две години, а нивната љубов едноставно ја фасцинира јавноста. 

Двајцата ја започнаа својата врска во 2016 година, но траеше кратко, бидејќи тие брзо раскинаа, а Џастин и се врати на својата тогашна стара љубов Селена Гомез.

Сепак, последниот крај на љубовта на Селена и Бибер се случи во март 2018 година, а кратко време после тоа, Џастин ја обнови љубовта со Хајли. Двајцата тајно се венчаа во септември истата година во Њујорк.

Во еден момент од неговиот живот, Бибер рече дека се однесувал ужасно кон жените, ги малтретирал и бил лут на нив. Сепак, сето ова се смени откако во неговиот живот се појави убавата манекенка Хајли Болдвин.


„Сега сум во најдобриот период од мојот живот - во брак, што е неверојатна нова обврска. Ве учи на трпеливост, доверба, лојалност, љубезност ... Сите работи што ве прават добра личност. Хајли само ме одведе на „вистинскиот пат“, заклучи Бибер.

Инаку, пејачот и манекенката немаа сексуални односи пред да се венчаат, а тоа беше заедничка одлука.

„Тоа е најдобрата одлука што некогаш сме ја донеле. На овој начин покажавме почит кон Бога. Бог не бара целибат за да ти наметнува правила, туку за да те заштити од болка и тага. Бев во целибат скоро една година, пред да ја запознам Хејли. „А, мислам дека Бог ми „ врати“ испраќајќи ми ја неа“, изјави Џастин за Вог.


Фото: Инстаграм/haileybieber

Можеби ќе ве интересира:

Важи за личност со многу стил: Обожавателите не ѝ ги простуваат огромните фармерки и овие папучи


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: