Како во мал плакар да направиш повеќе простор за облека? Потребни ти се само неколку лименки

Како во мал плакар да направиш повеќе простор за облека? Потребни ти се само неколку лименки

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Каква врска имаат лименките со плакарот? Прочитај и дознај...

Интернетот е полн со корисни работи, само треба да се пронајдат во морето глупости. Еден кој функционира и кој добро ќе и дојде на секоја девојка (и секое момче) која нема доволно место во плакарот.

Минатите неколку месеци и седењето дома поради коронавирусот, многумина од нас не натера во одреден момент да го прередиме плакарот. Тоа е една од работите кои сите ги прават кога им е здодевно и не знаат што со себе. Доколку и ти се соочи со проблемот „каде да ја ставиш облеката, бидејќи плакарот ти е премал“, овој  „хак“ ќе ти биде од помош. Ќе ти биде особено корисен, доколку имаш премногу облека која ја ставаш на закачалки, па во одреден момент почнуваат да ти паѓаат многу модни парчиња од нив, бидејќи се преполни или не можеш никогаш да го најдеш она парче кое во одреден момент ти е најпотребно. На ТикТок, Cosmopolitan сподели еден начин како можеш да направиш повеќе место на закачалките.

@cosmopolitanuk

FASHION EDITOR-APPROVED HACK: How to make more space in your wardrobe. Like for hack ##2! ##learnontiktok ##fashionhack ##fashionhacks ##lifehack

original sound - cosmopolitanuk

И тука во игра доаѓаат лименките. Секој пат кога следните денови или недели ќе пиеш нешто од лименка, откако ќе ја отвориш, отстрани го отворачот и чувај го. Тој е клучен за овој „хак“. Кога имаш неколку, земи било каква закачалка и преку куката протни го отворачот од лименката. Сега можеш на тој отворач да ставиш уште една закачалка и имаш две во една. Доколку и ова не ти е доволно, можеш да додадеш уште една. Вака ќе имаш помалку закачалки на шипката во плакарот и полесно ќе се снајдеш, бидејќи се ќе ти биде попрегледно. Немој на една закачалка да ставиш повеќе од три дополнителни, бидејќи може да стане претешко и може се да ти падне.


Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: