Како во обичната комбинација „фармерки и маичка“ да изгледаш помодерно: Додај некои од овие 7 додатоци
И понатаму ќе се чувствуваш удобно, но тој еден додаток ќе ти ја направи комбинацијата малку поинаква...
Фармерките се основно парче облека кај многумина. Ги носиме во текот на летото, зимата и помеѓу, бидјеќи освен што се лесни за комбинирање, може да изгледаат и поелегантно или секојдневно, зависно од тоа со што ќе ги искомбинираме.
Кога не можеш многу да размислуваш за тоа што да облечеш или едноставно сакаш тој ден да се чувствуваш удобно, најдобриот рецепт е да го облечеш омилениот пар фармерки и некоја маичка. Изгледа добро, се чувствуваш пријатно, можеби малку здодевно, но барем нема ризик дека нешто не одговора. Во таквите денови кога фармерките и маичката ти се основна комбинација, со некој едноставен додаток можеш да направиш да изгледаш многу помодерно. Ова се додатоците кои се моментално ИН, а одлично се вклопуваат и за секојдневните комбинации:
# Качкет
# Патики со платформа
# Тексас јакна / кошула
# Корсет преку обичната маичка
# Џемпер без ракави преку обичната маичка
# Мала чанта
# Хулахопли со дезен кои ѕиркаат од под фармерките