Како засекогаш да им ја затвориш устата на озборувачите: Сократ имал генијален трик, само поставете им ги овие три прашања
Во
античка Грција, Сократ имал репутација на мудар човек достоен за почит. Од оваа
приказна јасно ќе видите како да тестирате некого дали озборува или не. На овој
голем филозоф еднаш му пришол еден негов познаник и му рекол - Знаеш ли што што
слушнав за твојот пријател?
- Чекај малку - одговорил Сократ. - Пред да кажеш што сакаш, мора да поминш мал тест. Се вика Троен филтер за озборувања.
– Троен филтер?
- Точно. Пред да ми зборувате за мојот пријател, би било добро да го филтрирате за момент она што ќе го кажете. Затоа го нареков тест за троен филтер. Првиот филтер е вистината. Дали си апсолутно сигурен дека тоа што ќе ми го кажеш е вистина?
- Не - рече човекот - всушност само што слушнав за тоа и ...
- Добро - рекол Сократ и продолжил - Значи не знаеш дали е вистина или не. Сега ќе примениме друг филтер, филтерот за добрина. Дали тоа што сакаше да ми го кажеш за мојот пријател е нешто добро?
- Не, напротив!
- Значи - продолжил Сократ - Сакаш да ми кажеш нешто лошо за него, но не си сигурен дека е вистина, но сепак може да го помине тестот, бидејќи остана уште еден филтер, филтерот на корисноста. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот пријател ќе ми биде корисно?
- Не, навистина не.
- Па - заклучил Сократ - ако тоа што сакаш да ми го кажеш не е ниту точно, ниту добро, ниту корисно, тогаш зошто воопшто би сакал да го слушнам?
Фото:freepik