Каков моден избор: Шакира ги собра наградите и ги освои сите со нов изглед во металик фустан

Каков моден избор: Шакира ги собра наградите и ги освои сите со нов изглед во металик фустан

Објавена во: Stars // Музика

Колумбиската пејачка повлече воздишки во сензационален фустан на Харис Рид, а целиот аутфит го комплетираше со златни чевли на високи потпетици и минималистички накит.

Доделувањето на награди, без разлика какви се, отсекогаш е прилика да се покаже стил, фенси тоалети и да се прошета по црвениот тепих. Исклучок не беше и доделувањето на престижните награди Латино Греми во Севиља, кои не воодушевија со бројните модни изданија.


Имено, на црвениот тепих се појавија голем број познати ѕвезди кои блеснаа во елегантни модни комбинации, а со одличен стил се истакна и колумбиската пејачка Шакира, која мамеше воздишки во сензационален долг фустан на Харис Рид со металик детали и висок шлиц.

Волшебната златно-црна комбинација брилијантно ја истакна фигурата на Шакира, а пејачката го комплетираше целиот аутфит со златни чевли на високи потпетици и минималистички накит.


46-годишната поп ѕвезда освои три Греми, вклучително и за песна на годината, но и за поп песна на годината, сите за нејзиниот хит „Bzrp Music Sessions, Vol. 53“. Шакира воодушеви со својот настап во салата, во која во еден момент ѝ се придружија синовите Милан и Саша. 


Шакира ја освои својата прва награда Греми во 2000 година. Покрај тоа, многу критичари веруваат дека токму благодарение на неа латинската музика е популаризирана низ целиот свет денес.


Освен Шакира, на настанот се појавија и многу други познати личности, кои исто така не разочараа со своите модни изданија. Малума, Антонио Бандерас, Анита, Карол Џи, Андреа Бочели, Дејвид Гета беа само дел од нив.

Извор: gloria.hr

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: