Каква мачка: Хејли Бибер прошета во транспарентен фустан и ги полуде фановите (ФОТО)

Каква мачка: Хејли Бибер прошета во транспарентен фустан и ги полуде фановите (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Таа смело го покажа своето неверојатно тело и фигура

Познатата манекенка се појави на забавата на брендот Tiffany & Co во издание за кое долго ќе се зборува.

Сопругата на Џастин Бибер носеше долг црн фустан од проѕирен материјал под кој се гледаше црна долна облека, а комбинацијата ја комплетираше со сандали со потпетици. Таа ја пушти својата долга кафена коса слободно да ѝ паѓа.


  Во последно време во светот на модата се чини дека владее трендот „помалку е повеќе“, па познатите личности се почесто можеме да ги гледаме во т.н. „голи фустани“, кои повеќе откриваат отколку што сокриваат.


Таа буквално ги полуде своите фанови на социјалните мрежи, сите ја пофалија нејзината облека, а секако и нејзината зашеметувачка фигура.

извор:teen385.dnevnik

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: