Каква мајка, таква ќерка: Јелена Карлеуша и Атина позираат во исти кошули пред раскошната елка
Атина Тошиќ наскоро ќе ја достигне висината на својата славна мајка Јелена Карлеуша, иако има само 12 години
Оваа девојка стана вистински моден пример за тинејџерките, па засега ја следат неверојатни над 100 илјади луѓе на Инстаграм. Атина е, многумина коментираат, „копија на мама“, и по лицето и по структурата на телото.
Докажа дека камерата ја сака со фотографии направени од познатиот српски фотограф Дејан Милишевиќ, а овојпат позираше пред домашната раскошна елка.
Токму со иста таква кошула и поза претходно низ годините беше фотографирана и нејзината мајка Јелена.
Фото: Инстаграм профил на @karleusastar и @atinatosic