Каква тага, светските медиуми не престануваат да пишуваат: Џек Николсон ги живее последните денови од својот живот
Џек Николсон никогаш нема да се опорави, тој ги живее последните денови од својот живот....
Познатиот холивудски актер Џек Николсон (84) веројатно никогаш повеќе нема да глуми во филм. Иако се повлече од јавноста уште во 2010 година по неговата улога во филмот „How Do You Know“, публиката се надеваше дека сето тоа е само шега. За жал, како што пишуваат сите светски медиуми, неговата здравствена состојба е крајно лоша.
Со години се шпекулираше, а сега, како што пишуваат светските медиуми, наводно е потврдено дека Џек Николсон боледува од деменција.
Николсон ги поминува „тажните, последните денови“ во својата вила во Беверли Хилс и е физички добро, но не и психички.
„Џек и јас сме пријатели со години и тој воопшто не ја напушта својата куќа. Синот и ќерката се грижат за него. Тој е физички добро, но психички не е. Навистина е тажно да се види како актер како Џек си заминува на овој начин“ - изјавил пријателот на актерот за „Радар онлајн“.
Познатиот актер, инаку трикратен оскаровец, има пет наследници, но друштвото обично му прават неговата ќерка Лорејн и синот Реј.
фото: printscreen youtube