Каква врска имаат Кардашијанс со „Бриџертон“: Изгледа дека биле инспирација за некој во серијата
Ова сигурно не го очекувавте!
Нема смисла да постои поврзаност помеѓу серијата „Бриџертон“ и семејствотто Кардашијан, но една од актерките откри дека сепак има. Едно семејството од серијата настанало по примерот на Кардашијанс, кои биле инспирација.
За „Бриџертон“ постојано се зборува. Оваа серија на Нетфликс го полуде свотот како ниту една друга во последно време, а без разлика дали се дискутира за убавиот војвода или за новите сезони, актерката Никола Кофлан, која ја игра улогата на Пенелопе Фетерингтон, сега откри нешто сосема неочекувано и интересно во врска со серијата. На Твитер напиша објава посветена на Ким Кардашијан, која неодамна призна дека ја обожува оваа серија. Како што тврди Никола, семејството Фетерингтон, како инспирација го имало семејството Кардашијан и за време на пробувањето на облеката често зборувале за нив.
WHAT?!?! I am freaking out!!!!!! This tweet was sent to me on my @bridgerton group chat! Can I please come to a fitting?!?! It would make my whole life!!!!!! I love you Lady W!!! https://t.co/KVnCi6UZRT
— Kim Kardashian West (@KimKardashian) April 20, 2021
Ова никој не го очекуваше, а изгледа дека ни Ким, бидејќи изгледаше еднакво изненадена, колку што беше и воодушевена. Семејството во книгите не ги имало Кардашијанс како инспирација, туку тоа започнало на снимањето. Драмата, облеката која е „too much“ и добро замислена, озборувањата, желбата за популарност... сето тоа еднакво добро ги опушува и Кардашијан и Фетерингтон. Освен тоа, актерката пред неколку месеци напиша твит дека Пенелопе е всушност „old school“ Клои. Во почетоците на реалното шоу Клои знаеше да каже нешто со тон преку кој открива дека се чувствува како натрапник и морала да прави сé за другите, како што Пенелопе. Но, тогаш Клои ги зема работите во свои раце и заблеска, а сите кои ја имаат гледано серијата знаат како го направи тоа Пенелопе и ја презеде контролата од сенка. Исто така постои врска помеѓу мама Фетерингтон и Крис Џенер, бидејќи и двете се вистински мајки - менаџерки, секоја во свој стил со оглед на временскиот период во кој се наоѓаат.