Какви се децата родени во јули: 8 причини по кои се посебни

Какви се децата родени во јули: 8 причини по кои се посебни

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Секоја сезона и секој месец носи различни особености

Оние кои имаат роденден месецов се посебни поради повеќе причини. Еве неколку:

# Позитивни, секогаш гледаат на светлата страна на животот

Истражувањата покажаа дека луѓето родени во јули имаат поубав поглед на животот. Пролетните и летните месеци се жешки, таков е и темпераментот на бебињата родени во пролет и лето.

# Забавни, склони кон сарказам

Велат дека луѓето родени во јули имаат добра смисла за хумор, и затоа се опкружени со луѓе. Тие се склони кон сарказам, саркастично чувство за хумор, тие се снаодливи и секогаш имаат брз одговор на сè.

# Многу важни луѓе се родени во јули

Јули е именуван по римскиот император Јулиус Цезар, кој е роден на 12-ти или 13-ти овој месец. Некои други значајни историски личности кои го прославуваа својот роденден во јули се принцезата Дајана (1 јули), Нелсон Мандела (18 јули) и Џеки Кенеди (28 јули).

# Добро ги контролираат своите емоции

Според студија спроведена во Јапонија, бебињата родени во летните месеци се помирни и подобри во контролирање на нивните емоции од своите есенски и зимски врсници до 18-годишна возраст. Подоцна во животот, тие подобро го управуваат своето однесување во услови на конфликт и откриваат грешки.

# Потребен им е посилен надзор

Летните деца се малку повеќе „разиграни“, така што ќе им треба поголем надзор во текот на училишниот период за да бидат поуспешни во исполнувањето на своите обврски.

# Семејни луѓе

Децата родени во јули се карактеризираат со силна приврзаност кон семејството. Тие многу ги ценат семејните вредности и се заштитнички настроени кон оние за кои се грижат.

# Највисоки во одделението

Летните бебиња родени во јуни, јули и август често имаат поголема породилна тежина и должина. Поради тоа, подоцна се малку повисоки од своите врсници.

# Често се левучари

Според истражувањата, леучарите најчесто се раѓаат во март и јули. Авторите на студијата претпоставуваат дека ова е поврзано со сезонската варијација на некои фактори, но сè уште не биле во можност да дојдат до точни научни заклучоци.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: