Какви серии гледаш со момчето/девојката: Вашиот омилен жанр открива нешто за вашата врска
Дали сте повеќе за комедија или пак за драма полна со напнатост?
Можеш да создадеш прилично добра слика за некој, доколку знаеш кои му се омилените работи во некои категории, како што е на пример и омилената серија.
Доволно е да видиш како е некој облечен и ќе си создадеш мислење за таа личност. Исто така, кога некој ќе ти каже какви серии гледа со задоволство, во глава ќе ти се појават предрасуди кои ќе ги поврзеш за него/неа. А, што твојот омилен жанр на серии кои ги гледаш со твоето момче или девојка може да каже за вашата врска? Зависно од тоа која од овие серии најчесто ја бирате, секој од жанровите се поврзува со некоја карактеристика. Погледни што за вас кажува вашата омилена:
# Научно фантастични серии: Сакате да патувате заедно
Овие серии стануваат се подобри и подобри, а доколку ти и момчето/девојката не можете да се договорите што да гледате, ова е жанр каде би можеле да се најдете, бидејќи има толку многу интересни серии кои влегуваат во оваа категорија. На пример „Stranger Things“ или „Black Mirror“ се две кои ги освоија гледачите во последно време. А, доколку сакате да ги гледате овие серии, тоа зборува дека сте пар кој сака да патува заедно. Додека некои се плашат од непознатото, вие двајца сакате да истражувате нови работи и едвај ја чекате следната авантура.
# Крими серии: Многу сте заститнички настроени еден кон друг
Доколку уживате во серии како што се „Narcos“ или „Mindhunter“ или било која друга крими серија, тоа зборува за вас дека сте многу заститнички настроени еден кон друг. Се грижите за другиот и секогаш внимавате на другата личност да и го покажете тоа со мали гестови. Секогаш се слушате за да проверите дали сте се вратиле дома без проблеми, исто така сте си мотивациски говорници пред важните испити и нема личност која може да ве скара или да ве сврти еден против друг.
# Семејни комедии: Секогаш имате време еден за друг
Сите оние симпатични семејни комедии кои ќе те насмеат и прегрнат срцето покажуваат дека ти и твојата љубов сте личности кои секогаш имаат време еден за друг и кои без оглед на тоа колку им е животот во хаос, ќе пронајдат време за дружба. Доколку гледате серии како што се „Modern Family или „Grace and Frankie“, ова сте вие. Знаете дека квалитетно поминатото време заедно е многу важно и нема ден во неделата кој ќе прескокнете и нема да се видите. Затоа вашата врска е толку силна.
# Мрачни комедии: Сакате секој од вас да има свој простор и време само за себе
Сериите како што се „Russian Doll“ или „Dead to Me“ се во категоријата комедија, но станува збор за комедии кои тематски не се толку ведри, туку се занимаваат со мрачни теми. Паровите кои се љубители на вакви серии се личности кои и во врската бараат време само за себе. Иако сакаат да поминуваат време со својот партнер и понатаму еднакво им е важно и времето кое го имаат за себе. Вие не сте пар кој прави типични работи како што се пишувањето на слатки коментари под фотографиите на социјалните мрежи.
# Политички серии: Сакате светот да го направите подобро место за живот
Паровите кои секогаш заедно гледаат вест и тоа не само затоа што некој телевизорот го оставил на тој канал, туку бидејќи навистина ве интересира што се случува во земјата и светот, се парови кои сакаат заедно да помагаат на другите и да го направат светот што е можно подобар. Волонтирањето, помагањето на соседите, но и добро испланираната сопствена иднина се нешто што ве опишува. Освен вести, драги ви се сериите како што се „Scandal“ или „ West Wing“.
# Стари серии: Вие сте оној пар кој е толку сладок што другите не можат да ве поднесат
Оние парови кои гледаат серии како што се „Friends“, „That '70s Show“ или „Twin Peaks“, како и сите оние други серии кои се одамна престанаа да се емитуваат, најдобро ги опишуваат овие два зборови - неподносливо слатки. Сентиментални сте и носталгични, ги чувате сите спомени, картите кога првпат сте биле во кино, сметката од вашата прва заедничка пијачка... Луди сте еден за друг и не е ви е проблем тоа да им го покажете на сите.
# Анимирани серии: Добри сте во решавањето на проблемите кои се појавуваат во врските
„Simpsons“, „Rick and Morty“, „South Park“... доколку ова се серии кои се вашиот најчест избор, тогаш вие сте пар кој секој проблем ќе го реши без проблем. Ништо нема да ве раздели, бидејќи секој проблем или кавга кои ќе се појават во врската, вие ги решавате без проблеми. Обрнувате внимание на деталите и секогаш гледате на поголемата слика, поради што двајцата знаете која е најдобро да му попуштите на другите и да продолжите понатаму, дури иако не се согласувате со некоја изјава или постапка.
# Тин драми: Стравствени сте околу својата љубов/врска
Доколку ти и твојата љубов уживате во тим драмите како што се на пример „Riverdale“, „Elite“ или „13 Reasons Why“, тоа зборува дека двајцата се стравствени околу вашата врска. Вашата врска ви е на прво место и би направи се еден за друг. Секогаш се изненадувате со некои убави гестови и комплименти, а остатокот од друштвото мора со сила да ве раздели за да престанете да се бакнувате... Вие сте вистински пример за вистински заљубени луѓе.