Калинка имала 14 години кога ја пронашле мртва: Татко ѝ го фатил убиецот 30 години подоцна - нејзиниот очув
Новиот документарен филм на Нетфликс за вистинско злосторство, зборува за смртта на Калинка Бамберски и неверојатната, 30-годишна потрага за правда и личноста одговорна за нејзината смрт од страна на нејзиниот татко...
Иако звучи како да е во прашање најпродаваниот трилер, новиот документарец на Нетфликс, „My Daughter's Killer“ е всушност вистинска приказна.
Документарецот за вистинското злосторство е вече објавен на платформата, и ќе ја открие неверојатната приказна за мистериозната смрт на девојче, меѓународното киднапирање, обесчестениот лекар, прикривањето и ветувањето на таткото дека ќе ја добие правдата за убиството на неговата ќерка.
„My Daughter's Killer“ ја носи тажната приказна за Калинка Бамберски (14), која е убиена во 1982 година, додека со мајка ѝ и очувот била во Германија.
Исто така, зборува и за таткото од Франција и неговата децениска борба за правда, и како на крајот ги земал работите во свои раце, откако властите го изневериле.
Од злосторството се поминати 40 години, а еве што ѝ се случило на Калинка и каде е денес нејзиниот убиец.
Што ѝ се случило на Калинка Бамберски?
Едно јулско утро во 1982 година, Калинка е пронајдена мртва, додека со мајка ѝ и очувот престојувала во Линдау, Германија.
Деталите околу нејзината смрт биле сомнителни. Нејзиниот очув Дитер Кромбач повикал итна помош откако ја пронашол без свест во нејзината спална соба. Подоцна им објаснил на властите дека претходната вечер ѝ дал на Калинка инекција за сончање.
Обдукцијата во Германија открила повреди на нејзините гениталии и модрици на рацете, нозете и грлото. Нејзиниот очув, кој бил лекар, е уапсен, но подоцна бил ослободен поради недостаток на докази и се вратил на работа.
Таткото на девојчето, Андре Бамберски се сомневал на Кромбач и барал обдукцијата да се направи во Франција. Со оваа обдукција е утврдено дека гениталиите, бубрезите и ректумот на Калинка биле отстранети, што значи дека понатамошните тестови не било можно да се спроведат. Органите никогаш не се пронајдени.
Францускиот истражувачки тим исто така открил дека на Калинка ѝ биле вбризгувани разни супстанци, вклучувајќи допамин и кортизон, пренесува „Mirror“.
Кој ја убил Калинка?
Германските власти го затвориле случајот и пресудиле дека немало „груба игра“, но нејзиниот татко бил убеден дека очувот ја силувал и убил.
До 1995 година, Бамберски собрал доволно докази за да го убеди судот во Франција да му суди на Кромбач во отсуство.
Прогласен е за виновен за убиството на суд во Парис и осуден бил на 15 години затвор.
Што се случило со очувот?
И покрај пресудата, германските власти одбивале да го екстрадираат Кромбач да ја издржи казната во Франција. Две години подоцна, Кромбач бил уапсен поради дрогирање и силување на 16-годишна пациентка.
Ја признал вината, а потоа уште жени излегле со слични приказни, но немало доволно докази. Кромбач, поради злосторството бил само две години во затвор. Му било забрането да продолжи со работење, но работел сѐ до 2006 година, кога го осудиле на уште 18 месеци затвор, поради занимавање со професијата без медицинска лиценца.
Покрај тоа, Кромбач не бил екстрадиран во Франција, а Бамберски станува сѐ поочаен, бидејќи изгледало дека правдата за смртта на неговата ќерка нема да биде задоволена.
Меѓутоа, во 2009 година, Кромбач е киднапиран од својот дом во Баварија. Бил врзан, устата му била затворена и бил пренесен преку граница, пред да биде оставен врзан на улицата пред судницата во источна Франција.
Кромбач во 2011 година бил осуден за доброволно насилство кое го довело до ненамерна смрт, со отежнати околности и бил осуден на 15 години затвор.
Поминал 9 години затвор, а бил ослободен порано, во 2020 година врз основа на добро однесување. Набрзо потоа починал, на 84 години.
* Таткото на девојчето (лево) и нејзиниот очув (десно)Таткото е осуден поради киднапирање, но не жалел
Андре Бамберски се соочил со 10 години затвор поради киднапирање на Кромбач. Прогласен е за виновен, но добил една година условна слобода.
И покрај пресудата, Бамберски не жали поради своите постапки.
„Нешто мораше да се направи“ - кажа тој за магазинот „Atavist“.
Пред Кромбач да биде осуден за смртта на девојчето, таткото го посетил нејзиниот гроб и откри што ѝ кажал.
„Гледаш ли Калинка? Ти ветив дека ќе ти ја дадам правдата. Сега можеш да почиваш во мир“.
фото: Профимедиа