Камила Кабелјо откри дека е позитивна на коронавирус: На ТикТок откри што прави додека е во изолација (ВИДЕО)

Камила Кабелјо откри дека е позитивна на коронавирус: На ТикТок откри што прави додека е во изолација (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Иако потполно се опуштивме откако сите мерки се уникаа, тоа не значи дека вирусот престана да се шири. Луѓето и понатаму заболуваат, а истото важи и за познатите личности. Така, пејачката Камила Кабелјо во понеделникот на ТикТок објави видео во кое на своите обожаватели им даде до знаење дека е позитивна на коронавирус.

Во видеото, пејачката лежи и танцува во кревет, додека го прикажува својот сируп за кашлица, лекови против настинка и вклучениот Нетфликс на телевизорот. Истовремено, ги пееше стиховите на песната „Watagatapitusberry (Remix)“ на Пит Бул. Подоцна сподели видео на Инстаграм стори, на кое напиша: „Ако имате корона и живеете во изолација, направена бучава“.

@camilacabello

I got the rona

Watagatapitusberry - SENSATO

Инаку, Камила имаше активен период зад себе. Во април таа го објави својот најнов албум „Familia“. Следниот месец имаше настап со карневалска тематика за време на финалето на UEFA лигата на шампиони 2022. Потоа, во јуни, пејачката беше забележана со Остин Кевич, ко-основач и извршен директор на апликација за состаноци, седум месеци по раскинувањето со Шон Мендес.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: