Камила Кабелјо стана мета за потсмев на социјалните мрежи: Се појави видео од нејзин стар настап поради кој сега сите ја исмеваат

Камила Кабелјо стана мета за потсмев на социјалните мрежи: Се појави видео од нејзин стар настап поради кој сега сите ја исмеваат

Објавена во: Stars // Музика

Ќе биде дома за... што?

Дојде периодот од годината во кој слушањето на божиќните песни е оправдан! Бидејќи уште нема нови божиќни песни, ги слушаме оние старите, а една од Камила повторно стана хит.

Од Камила Кабелјо во последно време нема ниту трага  ниту глас и сега конечно дојде во центарот на вниманието, но не поради нешто добро. Луѓето на социјалните мрежи брутално ја исмеваат. Уште минатата година ја изведе песната „I'll Be Home For Christmas“, но дури сега луѓето забележаа нешто чудно. Начинот на кој Камила пее и го изговара зборот „Christmas“.


Го масакрираше зборот и сакајќи да звучи поинаку или подобро во текот на пеењето, на крајот наместо „Christmas“ изговара нешто како „quizmos“ или „Chris Moist“. Некои пејачи тоа го прават редовно, но не толку очигледно. Поради тоа сега луѓето ѝ се смеат и ја исмеваат на социјалните мрежи. Иако станува збор за настап од минатиот Божиќ, изгледа дека на многумина тоа сега им влезе во уши. И песната и настапот се повторно во тренд. Не можеш да го слушнеш зборот „Christmas“ во нејзината интерпретација.

@ccabellostan #quismois #christmassong #camilacabello #camila #illbehomeforchristmas #camilizer #camilasong I'll Be Home For Christmas (Amazon Original) - Camila Cabello

Сите се шегуваат и пишуваат коментари за тоа кој збор го слушнале. Јасно е дека мисли „Christmas“, но исто така е јасно и дека не го изговара тоа. Нови видеа во кои се исмева пејачката постојано се појавуваат на ТикТок.

@mary.jfh

I'll Be Home For Christmas (Amazon Original) - Camila Cabello

Очигледно е дека Камила е одлична пејачка и дека има супер вокални способности, во тоа никој не се сомнева и не се доведува во прашање. Сепак, пејачите некогаш малку претеруваат, а ова е најдобар доказ. Сакаат да звучат подобро и попрофесионално и тогаш во зборовите додаваат букви кои во нив всушност не постојат. Кај поголемиот дел од нив тоа не може да се забележи.

Овој пат, Камила малку претера. Иако сите ја исмеваат поради тоа, пропратно ѝ прават и услуга со тоа што ѝ ја зголемуваат популарноста на оваа божиќна песна. Во секое лошо има нешто добро.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: