Камила Кабелјо за притисокот од јавноста поради изгледот: Го вовлекував стомакот и го задржував здивот толку што сѐ болеше

Камила Кабелјо за притисокот од јавноста поради изгледот: Го вовлекував стомакот и го задржував здивот толку што сѐ болеше

Објавена во: Живот // Живот

На Камила ѝ е доста!

Откако фотографиите од плажа на Камила ги заобиколија социјалните мрежи и светот, пејачката прилично почна да се бори со изгледот и почна да учи како да ги надмине коментарите во кои следбениците ѝ порачуваа дека е дебела. Сега искрено напиша како целата таа ситуација влијаела на неа и како ѝ било.

И познатите личности се само луѓе. Секако дека ги боли кога ќе види дека голем број корисници на Интернет се „закачени“ на нив околу нешто. Камила беше во центарот на вниманието кога пред некое време се појави на плажа во бикини и го покажа вишокот килограми. Одеднаш насекаде почна да се зборува дека е дебела. Иако веќе и порано зборуваше за тоа, сега се одлучи да се огласи уште еднаш, бидејќи ова е тема за која смета дека е важно да се зборува.

Самата призна дека поради притисокот од јавноста да биде слаба има проблеми со менталното здравје. Откако папараците ја уловија на плажа во костим за капење во кој не изгледаше „совршено“, стана главна вест во светот.

Тоа толку влијаело на нејзиното ментално здравје што подоцна кога одела на плажа, не можела да ужива, бидејќи знаела дека некаде се кријат папараците и дека сигурно ќе ја фотографираат. Тоа повеќе не било уживање на плажа, туку „тајна фотосесија“. Била под толкав стрес поради фотографиите што секој следен пат пред да оди на плажа јадела многу малку, и додека била таму го вовлекувала стомакот и го задржувала здивот за да изгледа послабо, а најлошо било тоа што морало во таа неудобна поза да се смешка, бидејќи таму биле папараците. Изгледа дека сега ѝ дојде преку глава и одлучи да напише исповед на својот Инстаграм профил, бидејќи повеќе не сака да прави такво нешто и да се доведува до таква ситуација.

Многу ја потресувало тоа кога ќе ги видела своите фотографии на Интернет, но и коментарите под нив. Оваа порака која ја испрати е нејзин начин за на другите да им даде до знаење дека и познатите личности имаат проблеми со изгледот и не се скеогаш среќни кога ќе ги видат своите фотографии на Интернет, но и дека никако не е во ред да се осудуваат девојките на сметка на нивниот изглед. Грижата за тоа како изгледаш на фотографиите е губење на време, бидејќи еднакво како физичкото, важно е и менталното здравје.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: