Канје Вест ѝ се заканува на Били Ајлиш: Лут е бидејќи наводно навредила некој член од семејството Кардашијан
Нова драма во светот на познатите...
Бара да се извини или дека ќе ја исфрли од фестивалот „Coachella“, на кој оваа година Канје и Били се главни ѕвезди. И тоа затоа што на концерт „навредила“ член од неговото семејството.
Канје Вест не е добро, а последниот испад го насочи кон Били Ајлиш. Од сите ипасди, овој последниот му е апсолутно неоправдан. Иако не му направила ништо, тој успеа да се налути, бидејќи Били на својот концерт му помогнала на обожавател во публиката на кој не му било добро. Тоа е причината зошто полудел и бара од неа да се извини, бидејќи во спротивно ќе ја исфрли од фестивалот „Coachella“, пишува „Mirror“. Изгледа како сосема разумно и нормално однесувањето од страна на Били. Сфатила дека на една личност во публиката ѝ се слошило и веднаш го прекинала концертот, му кажала на медицинскиот персонал да оди да ја прегледа и ги замолила останатите луѓе да се повлечат настрана за да им направат место да дојдат до обожавателот на кој му се слошило. Луѓето беа воодушевени и таа доби голем аплауз. Меѓутоа, Канје тоа го сфати како да го навредила Тревис Скот и сега бара да му се извини.
Тревис на својот концерт не им помогна на обожавателите кога виде дека настанал хаос, а тоа имаше стравична завршница. Били на својот концерт реагираше и тоа по Канје е навредена кон Тревис. Не само што сака Били да му се извини на Тревис, туку и да се извини на семејствата чии дека починаа на коцнертот на Тревис (со кој Били нема никаква поврзаност). На обожавателите на Били не им е јасно, а не ни е ниту на нас. Само Канје си се разбира самиот себе.