Кара Делевињ пропаѓа поради Амбер Херд? Колумнистка изнесе шокантни тврдења кои го откриваат нивниот скандалозен однос

Кара Делевињ пропаѓа поради Амбер Херд? Колумнистка изнесе шокантни тврдења кои го откриваат нивниот скандалозен однос

Објавена во: Живот // Живот

Дека Кара Делевињ пропаѓа поради Амбер Херд сè почесто може да се слушне во светската јавност...

Кара Делевињ (30) до пред смао неколку месеци важеше за една од најуспешните манекенки на светот, а за нејзината доминација на модните писти дизајнерите не ја доведуваа во прашање висината на нејзините хонорари. Меѓутоа, британската убавица ја загрижи јавноста со својот изглед и однесување, а сè погласни се коментарите дека воопшто не е добро.

Кара неодамна беше видена на аеродром во потполно непрепознатливо издание. Таа секогаш гламурозна дама изгледаше изгубено, како да е под дејство на силни опијати. Едвај стоеше на нозе, а на крајот седнала на оградата покрај патот, додека на нозете носеше само чорапи.

Новите фотографии сè повеќе ги поттикнуваат гласините дека уште една позната личност западнала во пеколот поради дрогата. А, кон тоа допринесува и нејзината прослава за јубилејниот 30-ти роденден на јахта, бидејќи кадрите од таа забава многумина оставија без зборови.

Според пишувањата на странските медиуми, семејството на Кара и пријателите се многу загрижени за нејзината здравствена состојба, а наводно таа одбивала да оди на лекување и рехабилитација. За работата да биде уште попотресна, оваа убавица не се бори само со зависноста, туку долги години се соочува со биполарно растројството и депресија.

Кара неодамна зборуваше за тоа дека води битка со голема количина на стрес, како и проблеми со менталното здравје. Нагласи дека имала трауматично детство, бидејќи мајка ѝ била зависник од хероин. Поради тоа, детството ѝ било одбележано со постојан страв, токсични односи и недостаток од љубов - што сега изгледа дека испливува на површина.

„Секој има нешто низ што поминува со своето семејство. Чувствувам дека мојот живот беше многу стресен, бидејќи имаше многу хаос, не бев сигурна дали некои луѓе се добри или не“ - кажа Кара.

А, во сето ова вмешана е, ни помалку, ни повеќе, туку Амбер Херд, која е добро познато име на јавнота.

Имено, веќе долго се зборува дека Кара била љубовница на Амбер, додека таа била во краткиот, но бурен брак со актерот Џони Деп. А, се споменува и тројка во станот на актерката со Илон Маск, гласини кои богаташот остро ги демантираше. Сепак, се испотави дека Амбер и Кара имале многу комплицира однос, а изгледа дека нивната поврзаност била многу подлабока.

Колумнистката за озборување, Џесика Рид Краус истакна дека тие две не биле само во романтична врска. Таа откри дека организирани холивудски секс забави во кои биле вклучени многу милијардери, технолошки магнати и слично. А, Кара Делевиљ наводно била една од многу познати жени, кои Амбер ги спојувала со своите клиенти милијардери.

Од друга страна, Џесика нема изнесено некои адекватни докази кои ги потврдуваат нејзините сознанија, но нагласи дека постојат фотографии од моделот од тие настани, каде се конзумирало алкохол, како и дрога во огромни количини. Краус отворено ја обвинува Амбер за навлекувањето на Кара на тешките дроги во текот на тие забави.

Она што допринесе за влошување на ситуацијата во која познатата манекенка моментално се наоѓа, е провлекувањето на нејзинито име во текот на судењето на Џони Деп против Амбер.

Видеото од лифтот на стамбената зграда, јасно прикажува дека актерката се бакнува со Кара, што потврдува дека тие две се дружеле додека Амбер била во брак. Откако дојде до судењето на векот, постојат наводи дека Делевиљ ја избегнувала Амбер, и дека не одговарала нејзините повици, и покрај нивната претходна близина. Секако, семејството на манекенката се надева дека таа ќе се опорави и ќе се врати на вистинскиот пат.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: