Карактеристики на „злобните“ девојки кои момците ги обожаваат: 6 работи со кои секогаш ќе ги освоиш
Не мора да бидеш „злобна“ девојка, но можеш од нив да научиш некои работи...
Овие се карактеристиките кои момците ги сакаат кај девојките и поради кои ќе можеш многу лесно да ги освоиш. Некои можеби нема баш лесно да ги усвоиш, но вежбањето ќе те направи мајстор.
# Не се плашат да бидат различни и не им е грижа за мислењето на другите
Биди си своја. Направи нешто неочекувано што сакаш да го направиш, но се плашиш. Немој да се грижиш за мислењата на другите, ниту да дозволиш тие да ти ја уништат самодовербата.
# Полни се со самодоверба
На момците повеќе им се допаѓаат девојки кои имаат самодоверба. Има нешто во тоа што толку многу привлекува. „Злобните“ девојките секогаш делува како да имаат повеќе самодоверба од целиот свет, а доколку ја немаат, пред другите се претставуваат како да ја имаат.
# Опуштени се
Доколку си постојано под стрес, тоа ќе може да се види на тебе и нема толку лесно да ја привлечеш симпатијата. Пронајди хоби или некој мал ритуал кој тебе ќе те смири и редовно занимавај се со него.
# Не се плаши да стоиш сама во училишниот двор
Самостојн оста е уште една позитивна страна која ја имаат „злобните“ девојките, а која можеш да ја научиш од нив. За да научиш да бидеш самостојна имаш многу начини - започни од столчето и напредувај по малку.
# Брутална искреност
Момците мразат кога девојките сакаат да им порачаат нешто индиректно. Освен што нема шанси да сфатат што точно сакаш, веројатно нема ни да го направат она што го скааш и сите страни ќе бидат исфрустрирани.
# Не треба да биде срам да бидеш заводлива - во вистинска мера
Со вистинската доза на заводливост, можеш на момците да им бидеш многу интересна. Симпатијата ќе остане без текст доколку направиш нешто тотално неочекувано и доколку ја преземеш контролата над ситуацијата.