Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Објавена во: После „Школо“ // PR

Пораката „Не е до нив, до тебе е“ пристигна до многумина, затоа што караванот од оваа кампања отпатува низ повеќе градови низ Македонија. А во недела, диџеј Мац и актерот Бојан Кирковски доаѓаат во Скопје, во Градски парк на Школка. Затоа, доколку сакате да се забавувате, да се насмеете до солзи и на позитивен начин да донесете вистинска одлука, дека ВИЕ сте тие што ќе учествуваат во креирањето на вашата држава, не наоѓајте нови изговори и оваа недела (21.04.2024) во 15:00 часот, бидете во првите редови од публиката на Школка на стенд ап настапот на Бојан Кирковски.

Благодарение на оваа кампања, секој од нас ќе посвети многу поголемо внимание на правото на глас и на одговорноста што ја имаме кон нашата најголема граѓанска должност. Но, доколку ти сеуште со недоверба си го поставуваш прашањето „Што ќе смени баш мојот глас“, тогаш дефинитивно треба да ги зачуваш следните локации и датуми на караванот, за да го добиеш вистинскиот одговор – „Не е до нив, до тебе е„.

Диџеј Мац и Бојан Кирковски ви закажуваат следна средба уште утре, 19.04.2024 во Градски парк во Кочани, а караванот ќе патува и во Куманово - Градски плоштад (20.04.), Скопје, Центар – Школка (21.04), Битола - Широк сокак (22.04), Скопје, Ѓорче Петров – Парк (23.04), Прилеп - Градски плоштад (24.04) и Охрид - Плоштад ‚‚Св. Климент Охридски‘‘ (27.04).

Исто така, голем дел од познатите личности од македонската јавна сцена, со задоволство прифатија да бидат дел од оваа кампања, затоа што сите имаат една цел - заедно со граѓаните да се обидат да ги променат навиките и да ја издигнат свеста во Македонија за вредноста на правото на глас на повисоко ниво.

Искористете го викендот и оваа недела дојдете во Градски парк во Скопје, на Школка за да се насмеете на ваша сметка и низ урнебесна комедија да се уверите дека навистина, „Не е до нив, до тебе е“. Ако и ова неделно попладне не одвоите време за природа, стенд ап забава и за храбра одлука, тогаш дефинитивно, не е до нив, до вас е.

пр објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: