Кардашијан се пожалија дека Инстаграм се претвара во ТикТок: Нема да им се допадне одговорот кој го добија (ВИДЕО)
Овој пат се во право, бидејќи на никој не му се допаѓа тоа...
Кортни, Ким и Кајли го искажаа своето негативно искуство со секојдневните промени кои Инстаграм ги воведува. Една од нив, на која сите сведочиме, е тоа што Инстаграм полека се претвора во ТикТок со оглед на тоа што многу поретко може да се видат фотографии.
Инстаграм веќе со години е една од најпопуларните социјални мрежи која ја користат милиони корисници ширум светот. Но, во последно време, Инстаграм сѐ почесто се менува. Не само што често се прават промени кои би требало да го олеснат неговото користиње, туку и неговата содржина целосно се промени. Додека некогаш целиот фокус беше на фотките, денес тој фокус сѐ повеќе се насочува кон видеата.
Токму поради тоа, многумина мислат дека Инстаграм го копира ТикТок, бидејќи на него се достапни само видеа кои таму поминуваат добро, за што докажува и популарноста на ТикТок. Затоа се смета дека Инстаграм сака да го направи истото како и ТикТок, за да добие што поголем број на корисници благодарение на кратките видеа, односно Reels.
Токму поради тоа, на Инстаграм се појави фотографија на која пишува: „Вратете го Инстаграм таков како што беше. (престанете да го правите ТикТок, јас само сакам да ги гледам слатките фотки на своите пријатели). Искрено, сите ваши корисници“.
Таа фотографија предизвика вистински „бум“, бидејќи сите почнаа да ја споделуваат, што е доказ дека повеќето корисници го мислат истото. Истата таа фотографија на своите сториња ја споделија и Кајли, Ким и Кортни, што докажува дека и на нив не им се допаѓа фактот што Инстаграм се претвора во ТикТок.
По масовното споделување на оваа фотографија од страна на корисниците, но и познатите како Кардашијан, извршниот директор на Инстаграм одговор на овие прозивки во облик на видео и кажа: „Сепак, морам да бидам искрен - Инстаграм со текот на времето сѐ повеќе ќе се претвара во видеа. Тоа го гледаме дури и ако ништо не промениме и тоа го гледате само ако го погледнете Инстаграм feed-от“ - напомена тој.
Што се однесува до фотографиите, додаде дека Инстаграм фотките нема да исчезнат од оваа социјална мрежа толку брзо, но дека повеќе нема да бидат во фокус како порано.
фото: Принтскрин / Инстаграм