Карди Би ги згрози обожавателите со подарокот за ќерката: „Искомплексирана си“ (ФОТО)
Американската раперка Карди Би и нејзиниот сопруг Офсет во неделата го прославија 4-от роденден на нивната ќерка со патување во Кендитопија и подарувајќи ѝ 50.000 долари во кеш.
Во видеото објавено на Инстаграм профилот на Офсет, ќерката на познатата двојка може да се види како бара од татко ѝ да ѝ купи шеќерна волна. Неколку моменти покасно, таа ги држи парите.
На видеото исто така може да се слушни Карди во пзоадина како ја прашува: „Што е тоа?“, додека девојчето седи во автомобилот, смеејќи се.
Славеничката одговорила милион долари, меѓутоа нејзиниот татко ја поправи и ѝ посочил дека станува збор за 50.000 долари.
„Зошто ти требаше ова, правиш од неа материјалист“, „Што ќе прави детето со толку пари“, „Само докажуваш колку си искомплексирана“ - се само некои од коментарите на луѓето на социјалните мрежи.
фото: Принтскрин / Инстаграм