Карлеуша беше во рацете на Македонецот: Ми успеа затоа што верував во себе

Карлеуша беше во рацете на Македонецот: Ми успеа затоа што верував во себе

Објавена во: Stars // Интервјуа

Александар Темелков е 20 - годишно момче кое на македонската јавност и е навистина познато. Малку кој знае, но тој освен што се занимава со пеење, исто така студира на земјоделскиот факултет „Гоце Делчев“ во Штип. 

Познат е по претставувањето на неколку музички напреварување, каде на повеќето освојува едно од првите 3 места. 

„Секое натпреварување е големо искуство и секако поттик да научам нешто повеќе.“ - вели младиот пејач, кој во моментот се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“.

„Едноставно сам себе си се поттикнав за да се пријавам во Ѕвездите на Гранд, како би изградил балканска кариера.“ - беше искрен Александар.

Не може да одвои еден настап како омилен, бидејќи како што вели за скеој дава многу емоции и енергија. „Пеам со цела моја душа“ - накратко изјави.

За време на вториот круг од ова натпреварување, Александар имаше интересна случка - ја крена Јелена Карлеуша во раце. Разликата во килограмите не го спречи во тоа.

„Тоа ми успеа, затоа што бев сигурен во себе“ - нескромно се пофали момчето, а потоа додаде: „Пријателите на сето ова реагираа многу позитивно и нормално дека имаше и негативни коментари, но секој совет е добредојден.“


Има голема амбиција, а ова се неговите очекувања од овогодинешното претставување:

„Моите очекувања за оваа сезона се да стигнам до Финале, а за да го остварам тоа ќе дадам 1000 % од себе на секој мој настап.“

За оние кои не знаат, Александар е насочен кон фолк музиката и веќе има неколку свои песни.

„За фолк жанрот се одлучив заради тоа што го пеам уште од мали нозе. Снимив 5 песни и уште многу песни подготвувам за оваа година. Полека, полека се надевам дека ќе стигнат до врвот. „Љубов Моја“ е песната со која што победив на „Охридскиот Фестивал“ во 2019 година песна која што носи со себе силни емоции песна која што верувам дека ќе живее и во иднина и секако и моите останати песни: „Ќе се женам јас“, „Само моја“, „Сине мој, aнгел мој, „Ж'та Тиквешка“.

Пејачот Јордан Митев е неговиот идол, кога е во прашање фолк музиката, а тоа може да се забележи и по тоа што на своите настапи во „Ѕвездите на Гранд“ чести пее негови песни.

Нескромно и со многу самодоворба откри каде се гледа за 10 годни.

„Па за 10 години се гледам како еден од најпопуларните фолк пејачи во Македонија и пошироко.“ - завршува Александар.

Ивана Мисајловска

Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: