Карлеуша ги разнежни обожавателите: Откри што е апсолутна љубов за неа
Пејачката Јелена Карлеуша во повеќе наврати истакнува колку се важни нејзините деца за неа, но исто така и посочи која од двете ќерки ѝ е миленичка. Изборот падна на помладата - Ника, за која во една прилика кажа дека е многу скромно девојче.
Овој пат повторно ја истакна својата љубов кон миленичката. Имено, сподели фотографија со Ника покрај која напиша „...бидејќи апсолутна љубов е тоа...“.
На оваа објава собра илјадници лајкови, а од коментарите може да се забележи дека ги разнежни своите следбеници.