Карлеуша ја прашала Атина зошто исчезнала од социјалните мрежи: Одговорот докажа дека е вистинска „мамина ќерка“
Атина беше многу популарна на Инстаграм и ТикТок, каде што сè уште има голем број на следбеници...
Ќерката на пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, Атина Тошиќ, се повлече од социјалните мрежи, а сега пејачката откри што ѝ кажала нејзината наследничка по тој повод.
Имено, Атина беше многу популарна на Инстаграм и ТикТок, каде сè уште повеќе од 100.000 следбеници и каде што беше многу активна, но неодамна исчезна од овие социјални мрежи.
На прашањето зошто Атина ги избриша сите досегашни содржини на социјалните мрежи, Јелена откри што ѝ кажала нејзината ќерка.
„Ја прашав. Ми кажа: „А, зошто да не?“. Така што, мамина ќерка“ - кажа Карлеуша.
Карлеуша исто така опиша како изгледа нејзиниот ден со ќерките Атина и Ника Тошиќ.
„Станувам во 6:30 наутро, тие појадуваат, имаат возач кој ги носи на училиште, некогаш јас, некогаш возачот, така ми почнува денот. Тие одат на училиште, а мене ми почнуваат милион други обврски поврзани за мојата кариера. Потоа доаѓаат од училиште, ручаме заедно“ - кажа Јелена и додаде:
„Се трудам максимално да ги работам домашните задачи со нив, да учиме заедно, да се потсетам на она што сум го правела на училиште и бев добра во тоа, она во што не сум добра тоа не го ни правам, математика не знам, но историја, биологија, англиски, српски, тоа се предметите што многу ги сакам и вежбам со нив. Гледаме филмови, одиме на убави места, патуваме. Тоа е моја улога како мајка.“