Карлеуша направи голема грешка во фотошоп: Предизвика хаос, а сега е мета на уште поголеми критики (ФОТО)

Карлеуша направи голема грешка во фотошоп: Предизвика хаос, а сега е мета на уште поголеми критики (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката сакала да изгледа послабо

Јелена Карлеуша објави повеќе од предизвикувачки фотографии во секси облека, со кои предизвика бурни реакции дури и кај нејзините не обожаватели, а иако имаше и такви кои велеа дека е „бомба“, јасно е дека портретите ги обработила во фотошоп.

Пејачката направи голема грешка, поради што стана предмет на полемики на Твитер.


ЈК сакаше уште повеќе да ги истакне своите веќе извајани облини, па поради стеснувањето на половината малку ја искриви полицата зад себе во фотошоп.


- Хм, кој ќе ѝ каже? – праша еден твитерџија кој очигледно внимателно го анализирал секој дел од фотографијата на Јелена.

На втората фотографија, со иста позадина, полиците не се искривени во тој дел.

На многу јавни личности претходно им биле подвлечени грешките во фотошоп, па затоа биле нужно изложени на потсмев. Најчести грешки ги прави блогерката Зорана Јовановиќ-Zorannah, а по неа е Дара Бубамара која претера со подмладувањето на лицето.


Фото: Твитер/Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: