Карлеуша откри како ги уредува фотките за социјалните мрежи: Ќе има подобра риба само ако успеам да се клонирам (ФОТО)
Пејачката објаснувањето го напиша на стори и ја покажа разликата...
Јелена Карлеуша често е критикувана поради уредувањето на своите фотографии, па често ѝ замеруваат дека премногу користи Фотошоп.
Таа сега одлучи на сите да им ги затвори устите и им објасни што им прави таа на своите фотографии.
„Вака јас ги уредувам фотографиите. Ги отстранувам сенките, ги изострувам, го зголемувам контрастот. Накратко - правам корекција на боите. Мене Фотошоп на лицето и телото не ми е потребен, бидејќи сум брутална риба, која во живо изгледа 100 пати подобро отколку на фотографиите.“ - напиша Јелена, па продолжи:
„Хејтерите се слободни да завидуваат, јас сум слободна да ги блокирам. Ме следат милиони, уште толку се на блок листата, бидејќи не се замарам со никој. Своите фрустрации нека ги тресат кај своите мајки или таму каде што можат. Ќе има подобра риба само ако успеам да се клонирам, дотогаш уживајте во моите фотографии и видеа. Копирајте, воодушевувајте се, лајкувајте, споделувајте, коментирајте“.
За потсетување, Карлеуша пред неколку месеци се најде на удар, бидејќи во медиумите и на социјалните мрежи се пишуваше за нејзините фотографии од Мостар.
Имено, пејачката тогаш објави уредени фотографии на кои е вистинска бомба, додека видеата зборуваа нешто поинаку. Тогаш се оправда дека е „прејадена“.
фото: Принтскрин / Инстаграм