Карлеуша прави хаос: По разводот крши тањири среде ресторан (ФОТО)
Пејачката моментално е на одмор...
Јелена Карлеуша, која се најде во центарот на вниманието кај српските медиуми кога откри дека се разведува од фудбалерот Душко Тошиќ, замина на летен одмор заедно со ќерките Ника и Атина.
Јелена посети еден грчки ресторан и тоа во лежерно издание - бел долг фустан и апостолки, додека на лицето немаше ниту грам шминка, а потоа одлучи да ја испочитува нивната традиција и да скрши неколку тањири.
Додека Јелена кршеше тањири, околу неа се собраа луѓе кои гледаа како го прави тоа и кои сето тоа го снимија, а пејачката видеата ги сподели на својот Инстаграм профил.
фото: Принтскрин / Инстаграм