Карлеуша синоќа заврши на Ургентен: Почнав да се гушам (ФОТО)
Јелена Карлеуша вчера објави дека итно завршила во Ургентниот центар откако започнала да се гуши по алергиска реакција од убод од оса.
Пејачката е примена во собата за итни случаи по алергиска реакција на убод од оса. Објавата на Инстаграм им ја посвети на лекарите кои ѝ помогнаа и ѝ оставија силен впечаток.
Јелена Карлеуша (42) доцна во ноќта објави фотографија од својата рака со инфузија.
- Им благодарам на прекрасните луѓе од Брзата помош. Понекогаш убодот од оса води до задушување и оток, но и запознавање со прекрасни луѓе кои спасуваат животи - напиша Јелена.
Фотографијата Јелена ја објави пред 11 часа. Сè уште не е познато како поминала ноќта по објавувањето.
извор:24sata