Карлеуша со уште една впечатлива комбинација успеа да се надмине: Мора да го видите овој фустан од задната страна
Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша е позната и по својот посебен стил, а со секое свое издание се труди да го привлече вниманието на јавноста.
Овој пат таа успеа да се надмине самата себе со уште еден фустан во низата, кој откри дури и повеќе отколку што сме навикнати.
Пејачката е фотографирана пред студиото на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ во Белград во долг жолт фустан под кој очигледно не носеше градник и кој и го откри бујното деколте и стомакот. Но, кога им сврте грб на камерите, покажа и дел од задникот што ѕиркаше од длабокиот шлиц на фустанот.
Во истото издание Карлеуша позираше и за својот Инстаграм профил, каде објави фотографии, а разликата е особено видлива на нејзиниот стомак, бидејќи на фотографиите кои ги сподели таа изгледа многу послабо отколку на оние што ги направија папараците.