Карлеуша вечерва со целото срце ќе биде со Србија: Претчувствувам голем успех! Опседната сум со број 3, а Констракта е блесок (ФОТО)
Пејачката изјави дека српската претставничка на Евровизија е мега кул и дека сè и се допаѓа...
Ана Ѓуриќ Констракта вечерва во второто полуфинале на Евровизија во Торино ќе настапи под реден број три, а не изостана ни поддршката од Јелена Карлеуша. Искрено, енергично и со емоции, пејачката напиша што мисли за српската претставничка, а притоа повтори колку ѝ значи број три во животот.
„Констракта вечерва е под број 3. Знаете колку ми значи таа бројка и колку сум опседната со неа. Очекувам голем успех. Песната и концептот се топ, а Констракта е мега кул лик. Многу ми се допаѓа“ – напиша Карлеуша, па додаде:
„Нејзината посебност е толку инспиративен. Во толпата апсолутни идиоти и полумозоци кои денес се занимаваат со музика на нашите простори и на кои би им удрила шлаканица на првиот стих, таа е блесок! Ѝ испраќам многу бакнежи и му посакувам среќа на целиот тим во Торино“ – напишала Карлеуша на стори на Инстаграм.
Таа потоа ја повика јавноста да гласа за Констракта.
фото: Принтскрин / Инстаграм